Поради штрајк прекинати летовите на двата главни аеродроми во Белгија

Авион на грчкиот Еџин ерлајнс слета на меѓународниот аеродром Скопје на 01 ноември 2018 година/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сите комерцијални летови од двата главни белгиски аеродроми на 1 октомври ќе бидат откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, соопштија аеродромските оператори. Штрајкот, кој ги погоди аеродромите Брисел-Завентем и Шарлроа, го најави конфедерацијата на синдикати за да се алармира за условите за работа во секторите за чистење, безбедност и угостителство, пренесе АФП, пишува БГНЕС.

Планиран е и протест во Европскиот кварт во Брисел за да се привлече вниманието на ЕУ на проблемот. На најголемиот белгиски аеродром, Брисел-Завентем, откажани се сите 249 летови планирани за полетување, а само 98 од 243 летови планирани за слетување ќе можат да се реализираат, објави портпаролката на аеродромскиот оператор. Околу 100 летови кои поаѓаат исто така беа откажани на аеродромот во Шарлроа, но авионите кои пристигнуваа не беа погодени, изјави портпаролот на аеродромскиот оператор.

Полетувањето на авионите го отежнало отсуството на инспектори за багаж, чии проверки на двата аеродроми ги врши британската мултинационална компанија Г4С. Илјадниците патници погодени од откажаните летови ќе бидат известени од нивните авиокомпании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот