Поради правилата на УЕФА фудбалерите на Бодо/Глимт морале да се возат 220 метри со автобус

Фото: EPA-EFE/Mats Torbergsen

Бодо/Глимт славеше победа со 3:2 против Порто во својот прв натпревар од Лигата на Европа, а од оваа средба ни пристигнува и еден интересен податок.

Имено, фудбалерите на Бодо/Глимт пред натпреварот биле приморани да го имаат едно од најкратките возења со автобусот. Правилата на УЕФА налагаат тимовите на европските натпреварувања на стадионите да пристигнувааат со автобус, а Бодо морал да го исполни тоа иако бил одалечен 220 метри.

Така тие во 17:05 часот тргнале на натпреварот и една минута подоцна пристигнале.

„Ни беше кажано дека мораме така и требаше да ги почитуваме правилата. Го паркирам автомобилот до автобусот и влегувам во него подготвен за натпреварот, малку е смешно, но така е“, изјави фудбалерот Хауге.

Дел од фудбалерите на Бодо живеат и блиску до стадионот, но сеедно и тие морале да се качат во автобусот и да ги испочитуваат правилата.

Бодо/Глимт го совлада Порто на стартот во Лигата на Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот