Поплави го погодија североисточниот дел на Индија, над педесет мртви

Поплави во Индија / Фото EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Поројните монсунски дождови предизвикаа големи поплави, лизгање на земјиштето и уривања на куќи низ североисточна Индија кои погодија речиси 1,5 милиони луѓе.

Како што пренесе ДПА, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, досега загинале повеќе од 50 луѓе.

Во Асам, најголемата држава во регионот, пријавени се 46 смртни случаи од почетокот на сезоната на монсуните во јуни, а 1,2 милиони луѓе се погодени од настани поврзани со дождовите.

Повеќе од 25.000 луѓе живеат во привремени засолништа во училишта, стадиони и други владини објекти, откако нивните села беа поплавени. Тие ги загубиле животните на фармите, а родот им бил оштетен.

Метеоролошката служба предвидува нови врнежи во регионот во следните два дена.

Сезоната на монсуните во Индија трае од јуни до септември и е добра за земјоделците кои зависат од дождовите што ги носи за да ги наводнуваат своите посеви. Но, сезоната предизвикува и смртни случаи и остава пустош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот