Поплавени куќи во тетовско, заглавени возила, блокиран патот од Селце кон Вејце

По обилните врнежи од дожд во форма на невреме блокиран тетовскиот блокален пат од Селце кон Вејце на Шар Планина.

Непрооден е и дел од булеварот „Благоја Тоска“ кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило.

– Има затнати канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми. Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие Канализација од Тетово коишто информираа дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи, информираат од ЦУК.

Претходно, ЦУК информираше дека се поплавени дворови и куќи на улицата „Иво Лола Рибар“, дека има излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон сточниот пазар во Тетово.

Невреме со град, дожд и силен ветер го зафати тетовскиот регион и во неделата на 23 јуни кое предизвика значителни материјални штети. Од невремето поплавени беа подруми, оштетени автомобили, а имаше и свлечишта и паднати дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот