Поништен огласот за избор на претседател на кавадаречкиот суд, Нанев немал право на трет мандат

Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци
Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци/ Фото: Слободен печат

Судскиот совет го поништи огласот за избор на претседател на судот во Кавадарци, објави „Сител“.

Комисијата за проверка на исполнетост на критериумите дури сега увидела дека единствениот пријавен кандидат, Лазар Нанев, немал право уште еднаш да биде избран за прв човек на кавадаречкиот суд, затоа што досега двапати беше претседател.

Според Законот за судови, на раководната позиција, пријвениот кандидат можел да остане најмногу два мандати.

Одлуката на Судскиот совет доаѓа во време кога овој орган води две постапки за одговорност против Нанев. Во првиот случај, затоа што десетици пати телефонски комуницирал со обвинет кого подоцна го осободил, а во другиот – поради навреди кон претседателката на Судскиот совет Весна Дамева и давање насоки на членови во Советот како да дискутираат и гласаат за негово унапредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот