Полскиот претседател во посета на Кина на разговори со Си за состојбата во Украина

Анджеј Дуда / Фото EPA-EFE/Denis Balibouse

Полскиот претседател Анджеј Дуда е во посета на Кина, јавија светските агенции, наведувајќи дека лидерот на земја – членка на НАТО е во посета на држава која ја поддржа руската инвазија на Украина.

„Се обидувам да одржувам пријателски односи со Кина. Полска отсекогаш имала добри односи со Кина и би сакал тоа да продолжи“, изјави Дуда пред два дена за приватното радио Зет.

Денеска се очекува тој да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, а според полскиот претседател треба да се разговара на тема како да се постигне мир во Украина. На прашањето дали мисли дека Кина го држи клучот за мирот во руско-украинскиот конфликт, Дуда одговори: „Мислам, во голема мерка, да“.

Пекинг прогласи неутралност во конфликтот, истовремено обвинувајќи го НАТО блокот дека проширувајќи се, го провоцирал рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок во Украина, и во меѓувреме одржува стабилни трговски и дипломатски односи со Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот