Полскиот претседател вечерва официјално ќе го именува новиот премиер

Анджеј Дуда / Фото; EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Полскиот претседател Анджеј Дуда вечерва ќе ја објави својата одлука за именување нов премиер по минатомесечните избори, изјави шефот на неговата канцеларија.

По консултации и длабоко размислување, претседателот Дуда донесе одлука поврзана со таканаречениот прв чекор (именување влада). Одлуката е конечна, напиша шефот на кабинетот на претседателот, Марчин Масталарек на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека Дуда ќе има телевизиско обраќање подоцна денеска.

Партијата Право и правда (ПиС), која владееше со Полска во последните осум години, победи на изборите на 15 октомври, но го загуби апсолутното мнозинство и веројатно нема да најде коалициски партнер.

Трите проевропски партии кои имаат мнозинство во Парламентот тврдат дека се подготвени да формираат влада предводена од Доналд Туск, лидерот на Граѓанската коалиција и го повикаа Дуда да не го одложува именувањето.

Сè е договорено, Доналд Туск ќе биде нов премиер на Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот