Полската армија ја подига борбената готовност

Војници на Полска / Фото: Архива

По експлозијата во полското село Пжеводов, во непосредна близина на границата со Украина, во која загинаа двајца луѓе, Полска вечерва стави под зголемена борбена готовност дел од своите вооружени сили, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер, според ДПА.

По сериозниот инцидент кој се случи попладнево, полскиот премиер Матеуш Моравјецки вечерва свика итна седница на владиниот Комитет за прашањата на националната безбедност, на која присуствувал и претседателот на државата Анджеј Дуда.

Неименуван висок американски разузнавач во изјава за АП рече дека ракетите се од денешниот руски напад врз Киев, но оваа информација не беше потврдена. Пентагон со воздржан тон наведе дека „ги следи извештаите“ за тоа што се случува, а слични реакции стигнаа и од НАТО и ЕУ.

Во својата реакција на инцидентот, Москва ја обвини Варшава дека „намерно провоцира“ и негираше каква било поврзаност со екплозијата.

ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот