Полска: НАТО нема да ѝ го прави на Русија тоа што таа им го прави на соседите

Архива на СП

Земјите-членки на НАТО можат да и гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина, изјави претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска во Берлин.

„Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да и го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите“, истакна Дуда.

Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија.

Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.

„Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина“, посочи Дуда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот