Полска истражува дали руски ракети ја предизвикале експлозијата, Бајден се слушнал со Дуда

Средба Бајден-Дуда/ Фото EPA-EFE/Marcin Obara

Полските власти вечерва потврдија дека двајца државјани на земјата попладнево загинале во експлозијата во погон за сушење жито во селото Пжеводов, на пет километри од границата со Украина, но не ги потврди неофицијалните информации од САД дека Полска е погодена од руски ракети.

-Имаше експлозија во која загинаа двајца полски државјани. Службите ги разјаснуваат околностите и ќе ги разјаснуваат и во текот на ноќта, рече Милер вечерва на кратката прес-конференција.

Иако полските власти не потврдуваат дека залутаните или намерно насочени руски ракети се одговорни за експлозијата и смртта на двајцата Полјаци, Милер рече дека е подигната борбената готовност на некои единици на полската армија и униформираните служби.

-Ние, исто така, проверуваме дали има причина да се активира членот 4 од Договорот за НАТО – што се однесува на тоа кога една членка се чувствува загрозена од друга земја, рече Јацек Шевјера, советник на претседателот Анджеј Дуда, и додаде дека претседателот Дуда разговарал со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„НАТО ја следи ситуацијата, а сојузниците се консултираат. Важно е да се утврдат сите факти“, напиша Столтенберг на Твитер по разговорот со Дуда.

Дуда потоа телефонски разговарал и со американскиот претседател Џо Бајден.

ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот