Полска го презема уделот на Гаспром во полската компанија Еурополгас

Гаспром / Фото: ЕПА

Полска ќе го преземе сопственичкиот удел на руски Гаспром во полската компанија Еурополгас, објави весникот „Жечпосполита“.

Според весникот, тоа е 48 отсто од акциите на Гаспром во Еурополгас, компанија која е сопственик на полскиот дел од гасоводот Јамал, пренесува Ројтерс. Во септември, Полска воведе санкции против Гаспром, наведувајќи дека нејзиниот имот ќе биде замрзнат.

Матеуш Бергер, полскиот државен секретар задолжен за стратешката енергетска инфраструктура, кој денеска беше контактиран од Ројтерс, одби да коментира.

Во април, Варшава воведе санкции за 50 руски олигарси и компании во обид да го зголеми притисокот врз Москва поради нејзината инвазија на Украина. Во исто време, Русија го прекина извозот на гас во Полска, откако Варшава одби да плати во рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот