Полицијата во Њујорк застрела и уби тинејџер кој со себе носел пластичен пиштол

Полицијата во северниот дел на Њујорк соопшти дека полицаец застрелал и убил тинејџер кој бегал и притоа вперил во службеното лице реплика на пиштол.

Полицискиот оддел во Утика соопшти дека пукањето се случило вчера вечерта, откако полицајците запреле две млади момчиња.

Одделот соопшти дека полицајците подоцна од местото на настанот пронашле реплика на пиштол со отстранлив магацин.

Полицијата не го идентификуваше полицаецот ниту 13-годишното момче кое беше убиено.

Шефот Марк Вилијамс рече дека канцеларијата на државниот обвинител на Њујорк ќе ја води истрагата за пукањето и ќе утврди дали е оправдано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот