Полицијата уапси девет лица поврзани со фрлањето солзавец на концертот на Бреговиќ

Фото: Инстаграм

Полицијата во албанскиот град Корча уапси уште осум лица осомничени за вмешаност во инцидентот со фрлањето на солзавец на концертот на Горан Бреговиќ.

Полицијата во Корча поведе и кривична постапка против 21-годишен човек, кој беше уапсен синоќа под сомнение дека фрлил солзавец на концертот на Горан Бреговиќ на Пиво фест во тој град, а како што се наведува, лицето веќе и било познато на полицијата подолго време.

Како што беше соопштено, станува збор за Редон Леки од Тирана, кој одамна и е познат на полицијата по производство и продажба на наркотици, илегална трговија со луѓе и грабежи, пренесува ABC Албанија.

Исто така, поради истиот случај, поведена е постапка против Ф.К., 33 години од селото Лушње, кој бил во друштво на Лека и кој пружал отпор.

Се додава дека на лице место се пронајдени докази, како и неексплодирана направа.

Полицијата објави дека, покрај Лека, уапсени се уште осум лица во врска со фрлање солзавец на концертот на Бреговиќ, а од местото на настанот се појавија видеа од луѓе кои бегаат веднаш по фрлање солзавец.

Децата и постарите се упатија директно кон излезот, додека на едно лице му беше укажана лекарска помош и заврши во Итната помош, пренесува фактор.ал.

Бреговиќ одржа концерт на Пиво фест и покрај бројните барања пред одржувањето да се одложи поради наводните просрпски ставови на музичарите, особено против независноста на Косово.

Концертот се одржа во присуство на неколку илјади гледачи, со строги безбедносни мерки, а повеќе од 200 полицајци беа ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето беа околу сцената, додека останатите беа распоредени на главните градски улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот