Полицијата сè уште трага по напаѓачите во Батинци

Batinci ubistvo
Фото: Принтскрин

Полицијата сè уште трага по напаѓачите кои вчера наутро во скопското село Батинци со автоматски пушки пукаа кон двајца браќа, а животот го загуби еден од нив.

Лицата кои пукале во браќата биле маскирани и пукале од „мерцедес“ во движење, со германски регистарски таблички, а браќата биле во џип „форд“ со италијански регистарски таблички.

Како што велат очевидци, напаѓачите заминале кон село Драчевица, а регионот вчера го надгледуваше полициски хеликоптер.

Мотивите не се познати, но се шпекулира и дека станува збор за крвна одмазда за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што денешните жртви досега се криеле во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот