Пол-позиција за Ферстапен во трката за Голема награда на Австрија

Фото:. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA / POOL

Aктуелниот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Гоелмата награда на Австрија.

Ферстапен кој славеше и на спринт трката оствари најбрзо време во денешните квалификации од 1:05.336 со четири десетинки предност пред Ландо Норис од Мекларен.

Трето најдобро време оствари Оскар Пјастри кој сепак по завршувањето на квалификациите беше поместен на седмото место бидејќи во кругот кога имаше најбрзо време со сите четири гуми излезе од стазата. Така од третото стартно место утре ќе стартува Џорџ Расел.

Во првите десет утре ќе стартуваат уште: Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Серхио Перез, Нико Хулкенберг и Естебан Окон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот