Поетскиот концерт „Граматика на љубовта“ со поезија од Тихомир Јанчовски ќе се одржи во „Лабораториум“

Плакат за поетскиот перформанс во „Лабораториум“

Во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје на 25 септември, од 20 часот, ќе се одржи поетскиот перформанс „Граматика на љубовта“. Во изведбата на перформансот учествуваат Тихомир Јанчовски (глас), Иво Солдатовиќ (кларинет) и Андреа Мирческа (глас и контрабас).

По завршувањето на официјалниот дел ќе следи полуофицијален, со музицирање на авторот и неговите пријатели Добрила Грашеска, Бранислав Николов, Перо Сарџоски…

По завршувањето на официјалниот и полуофицијалниот дел, ќе следи редовната програма „Лабораториум: Експериментален џем“.

Книгата „Граматика на љубовта“ не може да се најде на интернет или во книжарница, постои само како влезница за поетскиот концерт.

Тихомир Јанчовски е современ македонски поет, писател и преведувач. Роден е во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Се занимава со поезија, превод, медиевистика.

Живеел на многу места во Македонија и светот: Скопје, Охрид, Брисел, Сежана, Постојна, Будимпешта, Лондон, Амстердам, Робово, Брајчино, Скијатос, Сараево. Работел многу професии, најмногу како професор по литература и светска историја. Досега објавил над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Живее и работи во Скопје и на Скопска Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот