Поетската збирка „Светлосна тишина“ на Калина Изабела Зјола е објавена на македонски јазик

Насловна корица на книгата во издание на „Перун Артис“ од Битола

Неодамна од печат излезе двојазичната поетска збирка „Светлосна тишина“ на современата полска поетеса Калина Изабела Зјола. Таа е поетеса, писателка, книжевна критичарка, новинарка и културна аниматорка.

Има објавено 20 поетски книги, меѓу кои 11 на странски јазици и една книга со книжевна критика „На мојот пат, птиците само поминуваат“ (есеи, рецензии, нацрти). Има преведено на полски јазик 24 книги од други автори и антологии.

Нејзината поезија е препеана на повеќе од 20 јазици и објавена во многу списанија, антологии и алманаси во Полска и во странство, но исто така е застапена на телевизиски програми.

Калина Изаберла Зјола беше учесничка и на овогодишното издание на Струшките вечери на поезијата.

Препевите на песните се на Томаш Миелцарек и Даниела Андоновска Трајковска. Книгата е во издание на „Перун Артис“ од Битола.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 245, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 31.08-01.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот