Подршка за Петровска од целото раководство на СДСМ, Шилегов порача „Тешко волкот по кој што кучиња не лаат“

Славјанка Петровска министерка за одбрана / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Продолжува поддршката за министерката Славјанка Петровска која деновиве се соочува со напади и понижувања на социјалните мрежи од типот на најнедолични долности и квалификативи.

Кон осудата на ваквите напади се приклучи и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„Ова е мојата другарка Славјанка Петровска. Слика стара околу 8 години. И горд сум на неа. Со сите нејзини мани (толку малку ги има) и со толку многу нејзини квалитети. Цаци, другарке, една порака која ми е пренесена од мојот дедо: Тешко волкот по кој што кучиња не лаат. Лајте кучиња, лајте. А ти Цаци, продолжи како што и досега!!!“, напиша Шилегов.

 

Булингот кон министерката за одбрана Петровска почнува откако при нејзината посета на Обединетот Кралство не се интонираше нашата национална химна туку само песната „Јовано,Јованке“ што, како што изјави синоќа во јавен настап, била нејзина омилена песна.

Не помогнаа ниту објаснувањата од Британската амбасада во земјава дека химната според протоколот се свири само при посети на претседател на држава или на влада.

Санела Шкриељ, Сања Лукаревска, Радмила Шекеринска, Мила Царовска – се дел од жените од политичката фела кои застанаа зад Славјанка Петровска.

Во поддршката се приклучи и Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот