Подобрете ја интимноста во вашата врска со овие три совети

Пар љубов среќа реновирање дом
Фото: Pexels/Maria Ovchinnikova

Интимноста е многу важен елемент на секоја врска и брак. И токму на тоа треба да работите секој ден, пишува „Љепота и здравље“.

Д-р Александра Стоквел, експерт за односи и автор на бестселерот „Бескомпромисна интимност“, вели дека интимноста е исклучително важна и еден од главните аспекти на секоја врска. Секогаш ќе се чувствувате подобро со некој кој е внимателен, љубезен и согласен и покажува мали знаци на внимание. Нему му е потребен таков однос за да го задржи и да биде исполнет.

Сексуалниот терапевт Камил Луис истакнува дека интимноста е меѓучовечка врска и способност да се развие блискост со друга личност, и токму на овој начин се зајакнувате физички, ментално, духовно и емоционално.

Совети за подобрување на интимноста

Самопочит – интимноста нема да дојде сама по себе, треба да се работи и негува. Ако се однесувате кон себе со почит, ќе се однесувате и кон другите на ист начин. Секогаш одвојувајте неколку минути дневно за вашиот партнер, било да е тоа прегратка, бакнеж, кратка порака. Ова се малите нешта кои значат многу за секого, а ќе направат многу за вашата врска.

Комуникација – секој има свој стил на комуникација кога е во прашање искажувањето љубов. Сепак, важно е да ја одржувате таа комуникација на најдобар начин. Токму на „јазикот на љубовта“ ќе научите како подобро да ги пренесете вашите потреби во врската со партнерот, но и да разговарате меѓу себе за некои преференци и потреби. Бидете љубопитни еден за друг.

Бидете отворени – понекогаш тешко се зборува за тешки теми, но тие се оние кои ќе ве научат на нови работи. Отвореноста за разговор и изразување чувства е многу важна. Исто така, практикувајте прегратки и почест контакт со очите. Гледањето во очи е едноставна и супер интимна практика која многу ќе помогне во самосвесноста и ќе ја подобри интимноста. Одвојте време за себе и за партнерот, без оглед на секојдневните обврски и стресот – неколку минути се доволни, но ќе значат многу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот