Почна да се гради скијачки центар во Михајлово, Јанчев тврди дека уште зимава ќе има скијање

„Оваа зимска сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови! Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во Михајлово. Oд денеска почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски стаза, ски лифт и пропратни елементи за сите возрасти, најавува Митко Јанчев“, градоначалникот на Кавадарци.

Ски-центарот се наоѓа на планината Кожуф, на околу 40 километри од Кавадарци.

„Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона. Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина“, напиша градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил, потсетувајќи дека и овој проект беше дел од неговата предизборната програма.

Теренските работи се донација на фирмата „ЈА МИ“ од Кавадарци. Инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000,00 евра се средства од Комерцијална банка и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот