Почина српскиот музичар Милан Шупут на 41-годишна возраст

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Српскиот музичар Милан Шупут, басист на бројни белградски метал бендови, почина на 41-годишна возраст.

„Милан во изминатите години свиреше и соработуваше со бендовите „Consecration“, „Rain Delay“, „Prematory“, „The Father of Serpents“, „Draconic“, „Sacramental Blood“, „The Hell“…

Важеше за еден од најдобрите бас гитаристи на српската метал сцена. Беше голем љубител на метал музиката, прекрасен човек, секогаш насмеан и позитивен.

Редакцијата на СМП упатува искрено сочувство до семејството на Милан. Почивај во мир пријателе“, стои во објавата на фејсбук-страницата „Српски метал портал“.

Милан Шупут не само што остави музички печат, туку и длабок емотивен и културен печат на српската метал сцена. Неговата страст и посветеност на музиката ќе останат траен дел од сеќавањето на многумина кои го познавале и ценеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот