Почина режисерката и актерка Милиана Ленак

Фото: Фејсбук

Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) почина вчера во Скопје. Имаше 41 година.

Починала, одземајќи си го животот, со скок од зграда, пренсе „Телма“. Од МВР ја потврдија веста, посочувајќи дека тоа се случило претпладне, во 11 и 30 часот.

Ленак е основач на скопскиот Буден театар, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал Фенер, чие шесто издание завршува токму денеска.

Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а постдипломираше режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот