Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

фото: fsv.rs

На 38-годишна возраст почина Дејан Костуранов, поранешен голман кој беше дел од стручниот штаб на српската аматерска фудбалска репрезентација и шеф на стручниот штаб на ФК Раднички 1918 од Ратково.

Костуранов поголемиот дел од својата професионална голманска кариера ја помина во Македонија. Бранеше за Вардар, Силекс, Скопје, Охрид, Македонија ЃП, Еуромилк, а една година мина и во Албанија каде беше член на Скендербег.

По завршувањето на професионалната кариера, со семејството пристигна во Србија, каде во летниот преоден рок 2016 година ја доби првата задача. Тогаш се договори за соработка со екипата на Будуќност (Гложан), каде остана една сезона. Потоа помина две години во дресот на Татра (Кисач), потоа истиот период беше дел од голот на Јединство од Руменка, а голманската кариера ја заврши во редовите на Црвена звезда од Руско Село.

Што се однесува до неговиот успех во Србија, чуварот на мрежа успеа да освои два куп трофеи на Војводина, а двата ги освои во дресот на Јединство од Руменка.

Последниот успех го постигна пред само два дена со победата на квалификацискиот турнир во Стара Пазова со српската аматерска селекција и со тоа пласман меѓу осумте најдобри селекции – на завршниот турнир на Европското првенство од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот