Почина планинар по пад во провалија длабока педесетина метри

Photo: MVR

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри.

Во пријавата било потенцирано дека лицето при падот се здобило со сериозни повреди на главата, имало крварење и било во состојба на бесознание.

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

Photo: MVR

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на несреќата.

По барање на ЦУК во извлекување на лицето се интервенирало со хеликоптер на МВР и тим на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Лицето со хеликоптерот било транспортирано до ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот