Почина музичарот Миша Раца, еден од основачите на српската рок група „Освајачи“

Миша Раца / Фото: Принтскрин / Фејсбук

Миша Раца, тапанарот и еден од основачите на рок групата „Освајачи“, почина денеска на 58-годишна возраст, пренесуваат српските медиуми.

Роден во 1966 година, Миша беше клучна фигура на југословенската и српската рок сцена, оставајќи неизбришлива трага со својот талент и енергија.

Миша Раца ќе остане запаметен не само по неговата музика, туку и по неговиот придонес во развојот на рок-културата во регионот. Неговата страст и посветеност на музиката инспирираа многу генерации музичари и обожаватели. Групата „Освајачи“, која тој ја основа, стекна голема популарност во текот на 90-тите, со хитови кои станаа евергрини на српката рок сцена. Миша учествуваше во создавањето на првите два албума на групата, „Крв и лед“ од 1990 година и „Сам“ од 1995 година.

Погребот ќе се одржи во петок во 12 часот на гробиштата во Крагуевац, неговиот роден град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот