Почина ѕвездата на „Batman“: Ќе остане запаметена по Харли Квин и „Days of Our Lives“

Фото: Профимедиа

Познатата актерка Арлин Соркин почина на 67-годишна возраст. Таа ќе остане запаметена и по тоа што го позајми гласот на анимираната хероина Харли Квин.

Соркин во изминатите неколку години имаше низа здравствени проблеми кои ја оддалечија од актерството.

Актерката Арлин Соркин ја играше Харли Квин во анимираната серија „Batman“ во 1992 година. Таа требаше да се појави само во една епизода, но нејзиниот ангажман постојано беше продолжуван. Харли Квин глумеше во различни видеоигри и анимирани филмови. Соркин ќе остане запаметена и по улогата во серијата на Ен-би-си – „Деновите на нашите животи“ (Days of Our Lives).

– Почивај во мир, Арлин Соркин, неверојатно талентираниот оригинален глас на Харли Квин, кој помогна да се креира лик што многумина од нас го сакаат. Љубов за нејзиното семејство и пријателите – изјави Џејмс Ган.

 


Марк Хамлин, кој соработуваше со актерката, го истакна следново:

„Скршени сме поради веста дека ја загубивме брилијантната Арлен Соркин. Не само прекрасен талент, туку и навистина прекрасна личност. Благодарен сум не само што работев со неа, туку и што бев нејзин пријател. Искрено сочувство до семејството“, пренесе американскиот портал Ти-ем-зи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот