Почина Џон Ештон, познат по улогата во популарниот филм „Полицаецот од Беверли Хилс“

Џон Ештон / Фото: Paramount - Eddy Murphy Producti / AFP / Profimedia

Актерот Џон Дејвид Ештон почина на 77-годишна возраст, по битката со ракот. Тажната вест за неговата смрт ја потврдил и неговиот портпарол Алан Сомерс, пренесува „ТМЗ“.

– Џон зад себе остава богато наследство на љубов, посветеност и услуга. Неговиот спомен засекогаш ќе го негуваат неговата сопруга, децата, внуците, како и неговиот брат, сестрите, поширокото семејство и сите што го сакаа. Влијанието на Џон врз светот ќе го паметат и слават генерациите што доаѓаат – изјавил неговиот портпарол.

Џон се појави во повеќе од 200 филмски, телевизиски и театарски продукции, а стана познат во 1984 година благодарение на филмот „Полицаец од Беверли Хилс“ во кој го играше Џон Тагарт, тврдоглавиот полицаец.

Последен пат јавноста можеше да го види во јуни оваа година во Лос Анџелес, кога заедно со Еди Марфи и остатокот од екипата учествуваше на премиерата на четвртиот дел од филмот што го прослави.

Тој зад себе ги остави сопругата Робин Хоје и децата, ќерката Мишел и синот Мајкл Томас и внуците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот