Почина Мартин Мул од серијата „Два и пол мажи“: Го паметиме и по улогите во „Сабрина“, „Розен“…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Мартин Мул почина на 80-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка Меги, пренесува „Гардијан“.

„Со скршено срце објавувам дека татко ми почина дома на 27 јуни по храбрата борба против долгата болест“, напишала неговата ќерка.

Мартин ќе остане запаметен по бројни улоги, а една од нив е епизодната улога во култната серија „Два и пол мажи“ (Two and a Half Men).

Актерот се прослави во седумдесеттите години со улогите во сериите „Мери Хартман, Мери Хартман“ (Mary Hartman, Mary Hartman) и „Ноќ на Фернвуд 2“ (Fernwood 2 Night).

Забележителни улоги оствари во сериите „Сабрина, малата вештерка“ (Sabrina, The Teenage Witch), „Розен“ (Roseanne), „Уапсен развој“ (Arrested Development) и други.

Тој беше номиниран за наградата Еми во 2016 година за својата улога во серијата „Veep“.

Актерот исто така го комбинираше својот музички талент со својата филмска и телевизиска работа, пишувајќи ја тематската песна за серијата „51-та држава“ (51st State) од 1970 година и работејќи како музички продуцент за филмот „Скок“ (Jump) од 1971 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот