Почина актерот Џон Амос, познат по улогите во „Принцот од Бел Ер“, „Добри времиња“ и „Умри машки“

Џон Амос / Фото: Craig Barritt / Getty images / Profimedia

Американскиот актер Џон Амос, кој се прослави со улогите во сериите „Добри времиња“ и „Корени“, како и во многу холивудски филмови почина на 84 години. Претставник од неговото семејство во вторникот потврди за „Вараети“ дека актерот починал на 21 август.

„Со голема тага ве известувам дека татко ми почина. Тој беше човек со нежно срце, кого сите го сакаа. Многумина го сметаа за татковска фигура на телевизија. Знаеше дека е жив. Фантастичните улоги што ги имаше на филмот и на телевизијата се негово големо наследство“, изјавил Кели Кристофер Амос, син на починатиот актер.

Џон Амос стана актер во раните седумдесетти години, откако не успеа да направи спортска кариера во американскиот фудбал. Неговата прва значајна улога беше во серијата „Шоуто на Мери Тајлер Мур“. Неговите други улоги на телевизија вредни за спомен се во сериите „Корени“, „Добри времиња“, „Принцот од Бел Ер“, „Западното крило“ и „Областа“.

Во својата петдецениска актерска кариера, Амос играше и на филмското платно и во театар. Меѓу другите, тој се појави во филмовите „Доаѓање во Америка“, „Умри машки 2“, „Господарот на ѕверовите“ и други.

Се ожени и се разведе двапати. Со сопругата од првиот брак, уметницата Ноел Микелсон, има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот