Почина актерката Марија Росарија Омаџо: Беше една од најубавите уметници на сите времиња

Фото: Universal Archive/Universal Images Group / Universal images group / Profimedia / Wikimedia Commons

Италијанската актерка Марија Росарија Омаџо почина во понеделникот на 1 јули во Рим на 67-годишна возраст по долго боледување, соопшти нејзиното семејство.

Родена во Неапол, познатата актерка беше славна како во Италија, така и во целиот свет поради својата разновидна кариера.

Омаџо важепе за една од најубавите италијански актерки на сите времиња.

Таа се појави во повеќе од 40 филмски и телевизиски продукции, вклучувајќи го и „На Рим, со љубов“ („To Rome with Love“) на американскиот режисер Вуди Ален.

Актерката освои награда на Филмскиот фестивал во Венеција за својата извонредна улога како италијанската новинарка Оријана Фалачи (1929-2006) во филмот на Анджеј Вајда од 2013 година „Валенца: Човек со надеж“, за полскиот синдикален лидер Лех Валенса, кој подоцна стана претседател на земјата.

Марија беше позната по својата убавина. Таа се појави на насловните страници на италијанското издание на магазинот „Плејбој“ во мај 1976 година, јули 1980 година и ноември 1982 година, додека во февруари 1985 година се појави на насловната страница на магазинот „Плајмен“.

Како авторка најпрвин соработувала со бројни списанија, а потоа почнала да објавува книги: Во 1987 година ја напишала книгата „Моето патување низ неверојатното“ во 1995 година, а потоа ја објавила и „Беше еднаш, постои и секогаш ќе постои“ во 1998 година.

Покрај својата актерска кариера, Омаџо служеше како посветен амбасадор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Таа зад себе остава наследство како истакната личност во италијанскиот театар и кино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот