Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Немо / Фото: Jessica Gow/TT / AFP / Profimedia

Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.

Метлер истакна дека е „апсолутно неприфатливо“ што таква можност веќе не постои во Швајцарија, пренесува „Гардијан“.

„Мораме да бидеме претставени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој по победата на прашањето со кого би сакал прво да разговара, без размислување, го спомена швајцарскиот министер за правда Бит Јанс.

Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС порака на Метлер во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.

Швајцарската влада го отфрли тој предлог пред 18 месеци, наведувајќи дека моделот на два пола е „силно закотвен“ во швајцарското општество.

За потсетување, Немо е првиот победник на Евровизија кој се декларира како небинарна личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот