По скандалот на Евровизија: Дисквалификуваниот Холанѓанец ги заинтригира следбениците на Инстаграм

Јост Клајн / Фото: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Песната „Europapa“ на холандскиот претставник на годинашниот Избор на песна за Евровизија, Јост Клајн, викендов гласно беше испеана на најголемиот холандски поп фестивал.

Како што пренесуваат евровизиските веб-страници, Клајн сега навести дека би можел повторно да се натпреварува следната година.

„Зошто да не и во 2025?“, рече тој на настапот, а во описот на неговиот инстаграм-профил сега пишува и „Евровизија 2025“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Сепак, колку што е познато, учеството на Клајн на музичкото натпреварување следната година се уште не е официјално потврдено.

Како што е познато, холандскиот претставник годинава беше дисквалификуван поради „инцидент“ во кој наводно вербално ѝ се заканувал на вработена во продукцијата, па поради тој случај е покрената истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот