По силниот земјотрес во Корча жителите со сведоштва: Целосно ни се уништени домовите (ФОТО)

Фото: Балканвеб

Силниот земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер, кој го погоди албанскиот град Корча изутринава, предизвика големи штети. Балканвеб јавува дека домовите кои беа оштетени од земјотресот од 1 јуни се целосно уништени од денешниот потрес. Во снимките кои ги објавува овој медиум се гледаат оштетените објекти.

Жителите велат дека денешниот земјотрес ги запрепастил, затоа што бил посилен од пред четири месеци, додека бараат власите да им поставуваат шатори за да имаат каде да престојуваат.

Фото: Балканвеб

– Се запрепастивме. Беше силен земјотрес, посилен од јуни. Останавме на отворено небо. Нашите домови беа оштетени, сега целосно ни се уништени. Никој ништо не направил. Ќе спиеме надвор. Нема друг избор. Бараме шатори и помош. Студено е – велат жителите од селото Видохово, Корча.

А пак состојбата во самиот град Корча е поинаква, куќите не се оштетени во големи мери како по селата, туку има само оштетување од надворешниот дел на фасадите.

Фото: Балканвеб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот