По потресот на мозокот: Британската принцеза Ана не се сеќава што се случило

Принцезата Ана / Фото: John Walton / PA Images / Profimedia

Британската принцеза Ана (73), сестрата на кралот Чарлс Трети, не се сеќава што се случило и како ја добила повредата која завршила во болница.

Како што објави „Дејли мејл“, таа се опоравува во болница по несреќата.

Прва помош ѝ била укажана на лице место, а прв ѝ помогнал нејзиниот сопруг Сер Тимоти Лоренс.

Фото: Barry Batchelor / PA Images / Profimedia

Да потсетиме, принцезата Ана се здобила со полесни повреди на главата, поради што ѝ биле откажани сите претходно закажани обврски, вклучително и работната посета на Канада планирана за четврток.

„Принцезата Ана претрпе полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во Геткомб Парк Естејт вчера вечерта“, соопшти Бакингемската палата.

Британскиот крал е информиран за повредите на принцезата Ана и, заедно со останатото семејство, ѝ посакува „брзо закрепнување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот