По Николас Батум уште една француска легенда ја напушти репрезентацијата на Франција

Фото: nandodecolo/instagram

По Николас Батум од кошаркарската репрезентација на Франција се збогуваше уште еден ветеран. Нандо Де Коло преку социјалните мрежи потврди дека во иднина повеќе нема да го носи франјцускиот дрес.

Де Коло во неговата богата кариера го освои златниот медал на Евробаскетот во 2013 година, сребрениот на континенталниот собир во 2011 година, како и на Олимпијадите во 2020 и 2024 година.

Исто така може да се пофали и со бронзи од 2015 година на Европското првенство и Мундобаскетот во 2019 година. Репрезентативната кариера Де Коло ја започна во 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nando De Colo (@nandodecolo)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот