ФОТО+ВИДЕО | По Мицкоски, и Африм Гаши ќе се сретне со Виктор Орбан

Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, информираат од Собраниската прес-служба.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски имаше тет-а-тет средба со Орбан, кој синоќа пристигна во Охрид, а потоа се одржа и заедничка меѓувладина седница на македонската и унгарската влада.

Премиерот на Унгарија ја предводи делегацијата од унгарската влада, а македонските министри утрово остварија билатерални средби со ресорните колеги од унгарската делегација.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот