По Копенхаген, пукано и во израелската амбасада во Стокхолм

Истрели се испукани во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ.

Како што пренесува ДПА, нема информации за повредени, а се уште никој не е уапсен.

Приближно во исто време со првите повици за истрели во областа на амбасадата, дошле и првите информации дека Иран извршил голем ракетен напад врз Израел.

Шведската полиција соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во земјата по претходните инциденти во амбасадата.

Во мај беше пукано во близина на амбасадата, а во јануари беше фрлена рачна бомба кон зградата, но не се активираше.

Според ТТ, израелската служба за надворешно разузнавање Мосад верува дека и двата инциденти биле нарачки на Иран, извршени од шведски криминални банди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот