По две недели раст, цената на нафтата падна за повеќе од три отсто

Цените на нафтата, по двонеделен раст, паднаа за повеќе од три отсто минатата недела на светските берзи, што аналитичарите го припишуваат на очекуваното зголемување на производството во рамките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во декември и скептичните проценки на трговците дека побарувачката ќе биде позначајна дотогаш, oбјави ФоНет.

На лондонскиот пазар барел нафта минатата недела поевтини за 3,5 отсто – на 71,89 долари, додека на американскиот пазар падна за цели 5,2 отсто, на 68,18 долари. Падот на цените првенствено е поврзан со најавата на Саудиска Арабија дека ќе се откаже од целната цена од 100 долари за барел и навестува дека ќе го зголеми производството во декември за да го зголеми пазарниот удел на светските берзи. Другите членки на ОПЕК не ја гледаат најавата на Ријад како отстапување од официјалната политика на групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот