По аферата со медицински отпад Унгарија го отповика почесниот конзул, косопственикот на битолски „Еко клуб“

Ова е одлука на унгарското Министерство за надворешни работи од каде испратиле нота до македонското МНР со напомена дека стапува во сила веднаш.

Косопственикот на битолски „Еко клуб“, Сашо Јанакиевски повеќе не е почесен конзул на Унгарија во Македонија. До прекин на функцијата што ја извршуваше од 2012 година дојде по избивање на аферата со третман на медицински отпад во погон на компанијата што се наоѓа во просториите на „Металски завод“ во Скопје.

Ова е одлука на унгарското Министерство за надворешни работи од каде испратиле нота до македонското МНР со напомена дека стапува во сила веднаш.

Аферата со несоодветен третман на медицински отпад во „Еко клуб“ и негов трансфер до депонијата „Дрисла“ ја откри Нова ТВ по што и Град Скопје се огласи со прес-конференција на која објави видео и фотографии од начинот на обработка и уништување на отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот