Пливачот Деркоски во Токио го освои последното место на 400 метри слободно

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

Денеска и вториот македонски спортист го имаше својот настап на Олимписките игри, Филип Деркоски пливаше во базенот во Аква центарот во Токио.

Нашиот пливач настапи во дисциплината 400 метри слободно и се појави во првата квалификациска група на натпреварувачи составена од четворица учесници.

На крајот Деркоски го освои последното четврто место со време 4:03.34 мин., зад третопласираниот Иракл Ревишвили од Грузија, втор беше Игор Моње од Мозамбик, а на првата позиција се најде Чилеанецот Едуардо Систернас (3:54.10 мин.)

Деркоски го поправи својот најдобар личен резултат за 76 стотинки, успех кој му носи 739 ФИНА бодови, што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата.

Севкупно имаше најслаб резултат од сите пријавени во оваа дисциплина, го освои последното 36 место. Резултатите од сите квалификациски групи можете да ги погледнете ТУКА
Фото: Принтскрин/olympics.com/tokyo-2020

ФОТО: Бранковски го освои 21 место, без финале на Олимписките игри во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот