Планинар се изгубил, па ги игнорирал повиците на спасувачите, бидејќи доаѓале од непознат број

Илустрација / Фото: Pxhere

Планинарот кој се изгубил на планина во Колорадо стана вирален откако во 2021 година беше објавена приказната за деталите за неговото спасување.

Имено, планинарот, чиј идентитет не е откриен, се изгубил на највисокиот врв во државата Колорадо, на планината Елберт. Спасувачите почнале да го бараат, но не успеале да најдат трага, па претпоставиле дека тој залутал од патеката.

За среќа, по 24 часа успеал да се врати до својот автомобил, но немал поим дека спасувачите трагаат по него, бидејќи цело време ги игнорирал нивните повици зашто доаѓале од непознат број.

„Повеќе обиди на контактирање со него преку мобилен телефон беа неуспешни. Заклучокот е дека тој ги игнорираше нашите постојани повици, бидејќи не го препознал бројот. Ако доцните според планот за патување и почнете да примате повторени повици од непознат број, јавете се на телефонот, тоа може да биде тимот на спасувачи кој се обидува да потврди дека сте безбедни“, порачале спасувачите на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот