Писмото со првата поштенска марка во германија се продаде на аукција за 440.000 евра

Source: DPA

Писмото со првата поштенска марка на која има германски пешат издаден во Германија, кое било испратено на првиот ден од нејзината важноста, на аукција во петокот во западниот германски град Визбаден достигна цена од 440.000 евра, пренесува ДПА.

Аукциската куќа Хајнрих Келер соопшти дека тоа е единственото писмо испратено на првиот ден од важноста на марката – на таканаречениот „Schwarzer Einser“.

Писмото имало почетна цена од 250.000 евра.

Лицето кое понуди најмногу пари остана анонимно, соопшти аукциската куќа.

„Black One“ беше првата марка издадена во Германија, воведена во јужната германска покраина Баварија на 1 ноември 1849 година, по налог на кралот Максимилијан II.

Поштенски марки со вредности од три и шест „kreuzer“, валутата што се користела во јужните германски покраини пред воведувањето на германската марка во 1871-73 година, исто така биле издадени во ист ден во различни бои, но печатот со најниска номинална вредност се смета за најстариот во вакви случаи, објаснија од аукциската куќа.

Најстарата поштенска марка на светот е британската Пени Блек, која е издадена девет години пред оваа, во 1840 година.

Писмото што беше понудено на аукција во Визбаден било испратено пред речиси 175 години од Вегшајд во близина на австриско-германската граница до Хенгерсберг, позападно, најавувајќи ја посетата на испраќачот на тамошен трговец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот