Пиоли не чекаше долго: По заминувањето од Милан брзо се договори со новиот клуб

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Стефано Пиоли неодамна ја напушти клупата на Милан, а како што стојат работите нема долго да чека за нов ангажман.

Според последните најави Пиоли ќе седне на клупата на саудискиот Ал Итихад, клуб во кој настапуваат фудбалери како Бензема, Канте, Фабињо…

Пиоли го напушти Милан по пет години откако раководството се одлучи дека е време за промена. На негово место пристигна Португалецот Пауоло Фонсека.

За Пиоли ангажманот во Ал Итихад би бил прв надвор од Италија, а таму би го наследил Марсело Гаљардо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот