Пинк го откажа вечерашниов концерт во Швајцарија поради здравствената состојба, им објасни сè на фановите преку Инстаграм

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Американската пејачка Пинк мораше да го откаже вечерашниот настап во Швајцарија поради лошата здравстена состојба. Таа требаше да настапи на стадионот „Ванкдорф“ во Берн како дел од својата турнеја.

„Многу ми е жал што морав да го откажам настапот“, ја почна својата објава Пинк.

„Правам сè за да настапувам за вас секоја вечер, но по консултација со лекарот и разгледување на сите опции, ми рекоа дека не можам да го одржам овој концерт“, напишала таа и нагласила дека на сите ќе им бидат вратени парите за билетите.

„На сите ви испраќам на љубов и здравје и навистина се надевам дека набргу ќе се видиме повторно“.

Обожавателите, иако малку разочарани, ѝ посакале брзо закрепнување.

Пејачката и нејзиниот тим сè уште не ѝ откриле на јавноста за каков здравствен проблем станува збор.

За потсетување, Пинк ја започна својата осма турнеја наречена „Летен карневал“ во јуни 2023 година и треба да трае до ноември оваа година.

Инаку, на концерт во Австралија, таа накратко го прекинала настапот кога забележала жена од публиката како итна помош ја однела.

„Чекај, некој ќе добие бебе?“, извикала откако дознала дека една жена од публиката добила контракции. Потоа се пошегувала и прашала: „Дали ќе биде Алесија или Алекс?“, алудирајќи на своето вистинско име, кое гласи Алесија Бет Мур.

ФОТО + ВИДЕО | Бизарен „подарок“ за Пинк: Обожавател ја фрли пепелта од својата мајка на сцена за време на концерт

Поп-пејачката во мисија: Пинк ќе подели 2.000 забранети книги на концертите во Флорида

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот