Пијани од љубов: Студии откриваат какво е влијанието на црвеното вино врз сексуалниот живот

Фото: Pexels/Wesley Davi

Повремената консумација на црвено вино, во умерени количини, може да има убаво влијание врз нашиот сексуален живот.

Според прегледот на десетици студии, спроведени помеѓу 1993 и 2022 година, мажите кои пијат една или две чаши црвено вино дневно имаат помал ризик од еректилна дисфункција, додека жените имаат повисоко либидо.

„Досегашните докази сугерираат дека црвеното вино, кога се консумира во умерени количини, може да биде корисно за пациентите со еректилна дисфункција“, напишаа истражувачите во прегледот, објавен во „Journal of Clinical Medicine“.

Фото: Pexels/Ron Lach

Тие истакнуваат дека полифенолите, хемиски соединенија во црвеното вино, можат да го подобрат протокот на крвта, да го зголемат нивото на тестостерон и да ги стимулираат половите органи. Освен во црвеното вино, овие соединенија ги има и во јаболката, кромидот, темното чоколадо и црвената зелка.

„Може да се заклучи дека антиоксидативните својства на полифенолите, присутни во црвеното вино, се корисни за репродуктивниот систем“, пишуваат авторите на прегледот.

Што се однесува до жените, истражувачкиот тим укажа на студија спроведена на 800 жени во Италија. Резултатите покажале дека оние кои пиеле црвено вино, во умерени количини, имале повисоки нивоа на сексуална желба од оние кои пиеле помалку од една чаша вино или кој било друг алкохолен пијалок дневно. Тие откриле и зголемено навлажнување на вагината, што е показател за подобра сексуална функција.

Нова студија открива: Сексот и оргазмот пред спиење може да ви помогнат побрзо да заспиете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот