Пи Диди уапсен во Њујорк, обвинет за сексуален напад и трговија со луѓе

Пи Диди / Фото: EPA

Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс, познат и како П. Диди и Паф Деди, е уапсен во Њујорк под федерални обвиненија, изјавија извори од полицијата за американските медиуми.

Раперот, кој се соочи со повеќе обвиненија за сексуален напад и федерална истрага за трговија со луѓе во текот на изминатата година, е уапсен, изјави неговиот адвокат за Си-ен-ен.

Комбс – кој е во Њујорк од минатата недела – беше уапсен во понеделникот во хотелот „Парк Хајат“ на 57-та улица во Менхетен и приведен од истрагите за домашна безбедност околу 20:15 часот, изјави за Си-ен-ен извор запознаен со случајот.

Обвиненијата и деталите за случајот против Комбс засега се нејасни.

Преговорите за екстрадиција на Комбс биле во тек, а запечатеното  обвинение било издадено во понеделникот, рекол изворот.

– Разочарани сме од одлуката да се  продолжи со неправедно гонење на г-динот Комбс од страна на американскиот обвинител – рекол Ањифило, адвокатот на Комбс, за Си-ен-ен.

Адвокатот на Комбс рекол дека музичарот соработувал во истрагата што довела до покренување на обвинението и „доброволно се преселил во Њујорк минатата недела во очекување на овие обвиненија“. Неговиот тим тврди дека е невин и вели дека нема што да крие.

– Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, претприемач кој сè сам стекнал, семеен човек полн со љубов и докажан филантроп кој  последните 30 години ги помина градејќи империја, но исто така, се грижеше за своите деца и работеше на подобрувањето на условите во кои живее афроамериканската заедница. Тој не е совршена личност, но не е криминалец – изјави Ањифило за Си-ен-ен.

Ањифило ги замолил граѓаните „да не го осудуваат неговиот клиент додека не ги дознаат сите факти. Во прашање се дела на невин човек кој нема што да крие и со нетрпение очекува да ја одбрани својата чест на суд“.

Исто така, во понеделникот, Демијан Вилијамс, американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, објави дека „рано оваа вечер, федералните агенти го уапсија Шон Комбс, согласно запечатеното обвинение поднесено од СДНИ“, додал тој.

На почетокот на оваа година, Комбс беше предмет на повеќемесечна истрага за трговија со луѓе што ја спроведе Агенцијата за истраги за внатрешна безбедност, која вклучуваше детални претреси во домовите на музичарот во Лос Анџелес и во Мајами.

ВИДЕО | „Го допрев дното“: Прво огласување на Диди по вознемирувачката снимка на која брутално ја тепа Каси

Се огласи поранешната девојка на Диди по снимката на која брутално ја тепа: „Сè уште се опоравувам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот