Пи Диди е обвинет за злоставување на деветгодишно момче: Му ветил дека ќе го направи ѕвезда и го принудувал на орален секс

Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Раперот Пи Диди во последните месеци се соочува со различни обвиненија, а минатиот месец беше уапсен во Њујорк.

Раперот тогаш беше обвинет за проституција, рекет и трговија со луѓе. Адвокатот од Хјустон, Тони Базби, изјави дека 120 луѓе поднеле тужби против музичарот, вклучително и обвинение за сексуално злоставување на деветгодишно момче.

Адвокатот одржа прес-конференција на која рече дека Диди злоставувал неколку малолетници. Според неговите зборови, момчето (9) дошло на аудиција во „Bad Boy Records“ во Њујорк, кога се случило насилството, пишува „Ролинг стоун“.

„И други момчиња беа таму на аудиција. Сите тие се обидуваа да постигнат договор за снимање. Сите беа малолетни. Оваа личност, деветгодишното дете, беше сексуално злоставувано од Шон Диди Комбс и неколку други луѓе во студиото, а на неговите родители им беше ветено дека ќе добие договор за продуцентската куќа“, рече адвокатот, истакнувајќи дека неговата адвокатска канцеларија ја ангажирале 120 луѓе кои го тужат раперот, вклучително и 25 лица кои тврдат дека биле жртви кога биле малолетни.

Зборувајќи од неговата адвокатска канцеларија во Хјустон, Базби рече дека уште еден клиент исто така бил малолетен и се надевал дека ќе влезе во забавниот бизнис кога ќе се сретне со Комбс. Музичкиот магнат, наводно, му рекол на момчето дека „ќе го направи ѕвезда, но требало да го посети приватно за тоа“, далеку од неговите родители. „Еднаш тие биле во приватна област и наводно, г-дин Комбс ја натерал жртвата да изврши орален секс врз него“, рече Базби.

Базби ќе поднесе тужби во различни држави во следниот месец. Меѓу жртвите на насилство има ист број жени и мажи. Адвокатот истакна дека овие лица веќе го пријавиле насилството во официјални органи или болници.

Насилството се случувало на забавите на Пи Диди, како што се прослави и таканаречени бели забави, понекогаш на аудиции во Лос Анџелес, Мајами, Менхетен и Хемптонс, помеѓу 1991 и 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот