Петтемина НБА-играчи кои најмногу победувале, а меѓу нив не се ни Џордан, ни Брајант, ни Онил, ни Џејмс…

EPA/MICHAEL REYNOLDS

Најдобар сооднос победи – порази во историјата на НБА лигата има Меџик Џонсон, кој победил на 74 отсто од мечевите што ги одиграл во најсилната лига

Во НБА лигата најмногу се споменуваат освоените титули, но, има и интeресна ранг-листа на играчи кои имаат најголем процент постигнати победи.

На таа листа интересно ги нема ни Мајл Џордан, ни Коби Брајант, ни Шекил Онил, ни Леброн Џејмс, Карим Абдул Џабар, Вилт Чембрлејн….

На оваа листа се наоѓаат само оние играчи кои одиграле 500 или повеќе мечеви во НБА лигата. Еве кои се топ-пет:

Број еден е Меџик Џонсон, ѕвездата на Лејкерс, со 74 отсто сооднос победи-порази (670 победи-236 порази). Најдобриот плејмејкер во историјата на НБА. Тој е петкратен шампион во НБА лигата, трипати е МВП на финалињата, 12 пати се појавил на ол-стар мечевите…

Број два е Лари Бирд, ѕвездата на Бостон. Тој има 73,57 отсто сооднос победи порази (660-237). Тој е трикратен шампион, двократен МВП на финалињата, трикратен МВП, 12 пати ол-стар…

Број три е Кавај Ленард. Ѕвездата на Клиперс има сооднос 73,56 отсто победи-порази (462-166). Тој е двократен НБА шампион, двократен МВП на финалињата, двократен дефанзивец на сезоната, петкратен ол-стар.

Број четири е Кеј Си Џонс, кој има 73,1 отсто сооднос победи-порази (494-181). Играчот на Бостон е осумкратен шампион во НБА лигата од девет сезони минати во Бостон. Тој не беше експониран во Бостон, влегуваше од клупата.

Број пет е Мајкл Купер, кој има сооднос победи порази од 72,9 отсто (636-237). Играчот на Лејкерс е петкратен шампион еднаш најдобар дефанзивец. Една од легендите на Лејкерс и најдобрите дефанзивци во осумдесеттите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот