Петрушевски: Единствен виновен за бегството на Рамадани е судијата Пајазити

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

До кога СДС ќе го штити судијата Пајазит Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај „Мавровка“? Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во „Шутка“, изјави денеска на прес-конференција во партиското седиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија – рече Петрушевски.

СДСМ, како што наведе, „расфрла пердуви за да го прикрие скандалот со избеганите затвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС“.

– Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај „Мавровка“ немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа уште се чувствуваат. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните – изјави Петрушевски.

Началник на МВР и раководител во Општина Чаир го превезле Рамадани во Косово, обвинува СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот