Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел – ја оддалечи земјата од ЕУ

Славјанка Петровска/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Власта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше“, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во дебатната емисија „Анализа“ на „ТВ24“.

-ДПМНЕ и власта ќе направат сè за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.

„Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта“, додаде Петровска.

Според пратеничката и поранешна министерка за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ „ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот